Џиџи Хадид покажа како изгледа 10 недели по породувањето (ФОТО)

Не го крие вишокот

Едноставно, во моментов не размислува за враќање на пистите, ниту, пак, за враќање на тенката става

Џиџи Хадид позираше за насловната страница на американскиот магазин  „Вог“, и та само два и пол месеца од раѓањето на своето прво дете, ќеркичката Каи, која ја доби од врската со пејачот Зејн Малик.

Топ-моделката тврди дека воопшто не се подготвувала за ова снимање, бидејќи веќе не ѝ е важно што не носи најмал број на облека.

Знам дека не сум слаба како порано. Јас сум многу реална“, изјави Џиџи, и продолжи: „Одлучив да го прифатам снимањето, иако знам дека не можам да носам ништо што е величина 0. Во моментов, воопшто не чувствувам потреба за тоа“, додаде новопечената мајка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid)

Џиџи исто така рече дека не размислува премногу за враќањето на работа.

Се фокусирам на работите што обезбедуваат стабилност, а не на патување во друга земја секоја недела“, објасни моделот, кој заработи повеќе од 25 милиони долари за време на својата кариера, која трае уште од детството.

Џиџи моментално ужива во опуштениот живот на имотот на семејството Хадид во Пенсилванија, САД, каде и ја роди ќерката затоа што не сакаше да оди во болница поради пандемијата на коронавирусот, а сака да ја одгледа малата Каи во слична средина.

Зеленилото и руралниот начин на живот се слични на она што ми помогна да пораснам, во формирањето на мојата личност, а тоа ни е важно и на Зејн и на мене. Мислам дека е одлично кога ќе му дадете можност на вашето дете да истражува различни интереси.“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.