Тројка бебиња биле помали од дланка кога се родиле и едвај преживеале: Еве како изгледаат денес! (ВИДЕО)

Докторите не им давале шанси

Тројка бебиња биле родени предвреме и едвај преживеале, но успеале да ги пребродат сите препреки

Ви ја откриваме приказната на тројка бебиња кои биле родени прерано, но се покажале како вистински борци.

Имено, едното бебе се родило со 22 недели и 6 дена и имало само 600 грама. По пет дена, на свет дошол неговиот идентичен брат близнак тежок килограм и пол, а нивната сестра била родена веднаш по него, но тежела само половина килограм.

„Кога ми пукна воденикот, почнав да плачам, бидејќи не мислев дека ќе можат да преживеат толку рано породување. Мислев дека сè е готово“, рекла мајката на тројката.

За бебињата родени во 22. и 23. недела од бременоста, можноста за преживување е мала. Но овие три бебиња, кои не биле поголеми од дланка на возрасен човек, чудесно ги надминале сите препреки со кои се соочиле за време на интензивната нега.

Две бебиња имале болест на цревата, а едно се борело со воспаление на белите дробови, додека сите бебиња имале проблем со дишењето, особено во првите недели од животот.

Нивната мајка ги споредила своите бебиња со бумбари.

„Според сите познати закони на авијација, бумбарите нема шанси да можат да летаат. Крилата им се премали во однос на телото. Но бумбарите и понатаму летаат, бидејќи не се грижат што мислат луѓето дека е невозможно. Така и бебињата, не им беше гајле. Ако тие веруваат дека можат, тогаш и ние треба да веруваме“, рекла таа.

Упорноста на овие бебиња инспирирала многумина, а тимот од болницата им дале поддршка така што ставиле брошови во форма на бумбар на своите униформи.

Тројката бебиња по 3-4 месеца биле пуштени дома, а повеќе не им треба кислород за да дишат преку ден, добиваат малку преку ноќ.

Погледнете го емотивното видео на ова семејство…

Чудесното породување наречено „сирена“ се случува еднаш во 80.000 од случаите: Овие неверојатни близнаци ги изненадиле докторите!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.