Чудесното породување наречено „сирена“ се случува еднаш во 80.000 од случаите: Овие неверојатни близнаци ги изненадиле докторите!

Неверојатно!

Близнаците родени со породување „сирена“ изгледаат неверојатно, а ги воодушевиле сите во болницата

Приказната за двајцата браќа, еднојајчани близнаци, не престанува да го фасцинира светот, а нивните родители не можеле да поверуваат што се случува кога ги виделе.

Случајот на овие близнаци го воодушеви светот, бидејќи породувањето „сирена“ се случува еднаш во 80.000 случаи. Имено, породувањето се случило во источна Шпанија, а медицинските работници биле воодушевени од глетката што ретко кој има можност да ја посведочи.

Гинекологот Ана Теијело го предводела медицинскиот тим што го направил овој царски рез. Се родиле близнаци, но не на секојдневен начин.

„Денес во болницата имавме ‘прикриен’ царски рез и тука се гледа воодушевувањето на учесниците. Ова се деновите што ни помагаат да се потсетиме зошто го работиме ова. Споделуваме сè со дозвола, секако“, рекла Ана и споделила видео од породувањето.

https://twitter.com/GVASalutVinaros/status/1507016146272210944?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1507016146272210944%7Ctwgr%5E344c8dd06874e678cbd8040bc8a65c3791817b5e%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fporodica%2F197421%2Fkako-izgledaju-blizanci-rodjeni-porodjajem-sirene

Прикриеното породување е познато како породување „сирена“ и изгледа чудесно. Бебето излегува во недопрена амнионска кеса (воденик), која обично пука кога мајката почнува да се породува.

Експертите велат дека ваквите случаи се случуваат еднаш во 80.000 породувања!

https://twitter.com/AnaTeijelo/status/1506710107064881154?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1506710135288303619%7Ctwgr%5E344c8dd06874e678cbd8040bc8a65c3791817b5e%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fporodica%2F197421%2Fkako-izgledaju-blizanci-rodjeni-porodjajem-sirene

Близнаците се родиле живи и здрави, а докторите биле воодушевени.

„Сите уживаа во породувањето: бабиците, гинеколозите, педијатарите, анестезиолозите, медицинските сестри, негувателките, студентите и, секако, мајката. Нашите работници направија слика за мајката со тоа што ја отпечатија постелката и навистина изгледа прекрасно“, истакнала гинекологот Теијело.

Ќе ви го стопи срцето: По 7 спонтани абортуси, мајка го зема во прегратка своето бебенце по породувањето! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.