Смело издание на латино-дивата: Џенифер Лопез уште еднаш ги воодушевила модните критичари!

Полн погодок

Таа има беспрекорен стил

Кога изгледаш толку добро колку Џенифер Лопез, без проблем можеш и на 51 година да облечеш кратка маица и да ги покажеш извајаните стомачни мускули.

На натпреварот на националната лига во американски фудбал Super Bowl, латино дивата се појавила во смела комбинација. Иако оваа година не настапувала, туку била во публика, се чини дека сите гледале во неа.

Уште еднаш заслужила чиста десетка за стилот. Белите тесни фармерки и кратката маичка ги истакнале нејзините облини, а капутот со пепито-дезен го надополнил целиот стајлинг на вистински начин. Ни овој пат не се откажала од вртоглаво високите потпетици.

Модните критичари едногласно ја прогласиле нејзината модна комбинација за најдобра на вчерашниот настан. Ние немаме што да додадеме освен браво за овој стајлинг!

Моден погодок од глава до петици: Уште еден величествен стајлинг на Џенифер Лопез!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.