ЗДРАВО ГОТВЕЊЕ: Зошто токму апарат на топол воздух?

Сè на сè, вин-вин и за вас и за вашето семејство!

Совршено решение за сите овие предизвици, и тоа само во еден апарат.

Колку често сакате да испечете нешто само за себе, но немате навика да ја вклучувате рерната само за еден оброк. Или немате волја да ја чистите само за мала порција храна. Или е стара и тешко се загрева. Сакате пржени компири, пиперки, стекови, но ги избегнувате поради вишокот маснотии и нездравиот начин на приготвување?

Пролет е. Време е да се погрижите за себе! Инвестирајте во здравјето со Delimano Air Fryer Star!

Издвојуваме неколку придобивки од неговата употреба:

Здраво готвење Најважниот фактор е можноста за поздраво готвење. Во него може да приготвувате панирани шницли, пржени крилца или риба, пржени компири и друг зеленчук без многу масло и исто толку вкусни како класично пржени. Фин крцкав резултат без пржење во длабоко масло.

Брзо приготвување и лесен за користење Денешното бурно темпо ни остава многу малку простор за готвење. Така, со Delimano Air Fryer Star ќе го минимизирате времето во кујната, додека сепак јадете храна што сте ја приготвиле дома.

Сè се приготвува многу побрзо, а не мора да ја одмрзнувате храната. Вечерата е готова за максимум 20-30 минути.

Користењето на Air Fryer е толку лесно што навистина не треба да знаете речиси ништо за готвењето, за да приготвите месо и помфрит. Што се однесува до чистењето, многу е полесно од чистењето на рерната. Неговата кошница и решетка се мијат во машина за садови. Толку едноставно.

Крцкава храна Апаратот за готвење на топол воздух Delimano Air Fryer Star има еден специјалитет, а тоа е дека храната е крцкава. Ако сакате крцкава и златна кора, тогаш ова е за вас вистинскиот производ! Совршен начин да направите панирани, печени крилца или зеленчук на здрав и многу вкусен начин.

Замена за микробранова печка Ако ви остане пица или леб, повторно го загревате во апаратот и добивате производ како тазе печен!

Може да стопите и путер или чоколадо за прелив на колачи или за овесна каша, за мафини или торти што ги правите.

Значително помала потрошувачка на струја Апаратите на топол воздух трошат 1-1,5 Kw струја, додека рерните најчесто трошат околу 2 kW.

Delimano Air Fryer Star се загрева најмногу 1-2 минути, за разлика од рерната, на која ѝ требаат 10-12 минути. Така, апаратите на топол воздух трошат помалку електрична енергија поради побрзото загревање и помалата потрошувачка, но и дополнително бидејќи храната се пече пократко отколку во рерната.

Исто така, количеството на масло што е потребно за апаратот на топол воздух е многу, многу помало отколку кај класичната фритеза или во рерна. Масло може речиси и да не користите или лесно да попрскате доколку сепак сакате, но не е неопходно.

Зазема малку простор Delimano Air Fryer Star е самостоен уред и е лесно пренослив. Во зависност од тоа како ви одговара, може да го преместувате од шпајзот, на кујнската маса или дури и надвор, во дворот. Исто така е фантастично да се земе за лето или зима онаму каде што ќе патувате.

Сè на сè, вин-вин и за вас и за вашето семејство!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.