Совршен избор за појадок: 3 рецепти за омлет што симнуваат килограми!

Пробајте!

Овие едноставни и оригинални рецепти за омлет ќе ви помогнат да ја одржите оптималната телесна тежина и подолго да останете сити, а ќе ви понудат и разновидно мени за појадок, богато со протеини и влакна за секој ден

Омлетот е одличен начин да му го обезбедите протеините што му се потребни на телото наутро. Ова јадење е идеално за градење и зајакнување мускули, како и за закрепнување на оштетените ткива.

Меѓутоа, едноставниот омлет може брзо да стане здодевен, па затоа добредојдени се брзите рецепти што ќе ви помогнат максимално да ги искористите благодатите на појадокот и да воведете разновидност во своето мени. Сите се специјално одбрани за да помогнат во одржувањето на оптималната тежина, што значи дека производите содржат не само протеини, туку и влакна. Здравите масти и антиоксидансите исто така помагаат во одржувањето оптимална рамнотежа.

Запомнете дека на калориската вредност на појадокот не влијаат само состојките и начинот на приготвување, туку и големината на порцијата. Ако го земете сето тоа предвид, ќе можете да ослабите.

За приготвување на самиот омлет, треба во посебен сад да изматите јајца, млеко, сол и бибер, а потоа да ја префрлите смесата во загреано и намрсено тавче. Потоа, на ред доаѓаат варијациите…

Омлет на медитерански начин со спанаќ и маслинки

Ако не знаете како да ја зголемите количината на консумиран зеленчук и зачинско билје, употребете го овој рецепт. Омлетот на медитерански начин содржи протеини, антиоксиданси и влакна, како и здрави масти од путерот и маслинките. Освен тоа, влакната и маснотиите ќе ви помогнат подолго да останете сити.

Ако сакате да го зголемите бројот на калории, протеини и масти, во овој омлет можете да додадете фета-сирење или авокадо. Можете да користите свежо исечкан домат. Само запомнете дека листовите спанаќ треба да ги ставите во смесата од јајца откако ќе ја префрлите во тавчето.

Омлет на мексикански начин со халапењо пиперче

Лутото пиперче може да му даде малку пикантност на вашиот вообичаен појадок. Пригответе јајца, домат, пиперка, кромид и малку рендано сирење за да направите мексикански омлет, кој ќе ви помогне да останете сити цело утро. Се верува дека зачинетата храна може да го забрза метаболизмот, што значи дека таквиот појадок може да ви помогне да ја одржите посакуваната тежина.

Уште една предност на пиперчето халапењо е таа што во рецептот не морате да користите сол и бибер. Ако доматот е зрел и вкусен, немојте да го пржите заедно со омлетот, туку послужете го свеж со зачинско билје, како лук и коријандер.

Пикантен омлет со карамелизиран кромид

Карамелизираниот кромид е прилично необична состојка за омлет, но дава интензивен и незаборавен вкус, без да се додаваат состојки како сирење или колбаси, а со самото тоа ги намалува и заситените маснотии и калории во јадењето. Кромидот, освен протеини, нуди влакна и антиоксиданси, па слободно додајте го во смесата од јајца кога ќе ја префрлите во тавчето. По желба, можете да го посипете јадењето со малку козјо сирење или фета. Ако можете да одвоите повеќе време за готвење, додајте и печурки.

Дали е ова најдобриот омлет во светот? Џејми Оливер воодушеви со видео рецепт – потребни ви се само 45 секунди!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.