Уште едно изненадување за љубителите на козметиката МАС

Се гледаме во FABUspot!

Отсега, овој бренд може да се најде во рамките на парфимеријата FABUspot во трговскиот центар East Gate.

MAC е оригинален, модерен бренд, чија креативност, квалитет и уметност го направија водечки мејкап-бренд на глобално ниво. Застапен во повеќе од 120 земји во светот, сега доаѓа и во најголемиот трговски центар кај нас.

Тој ја слави различноста и индивиуалноста, наменет за сите возрасти, раси и полови. Пристапот уште од самиот почеток е шик и урбан. Во разноликиот асортиман може да пронајдете голем избор на мејкап-производи за сите типови и нијанси на кожа, односно широка палета на производи за очи, усни и лице.

Во една година, MAC може да пласира и до 50 нови колекции, што значи дека секој месец може да очекувате новитети или лимитирана колекција.

На сите MAC продажни места се наоѓаат професионални мејкап-артисти кои со вас ќе ги споделат сите трендови и новитети во мејкап-светот.

Оваа сезона, на продажните места на MAC пристигна „Box Of Tricks”!

Празничниот календар!

„Box Of Tricks” е навистина полн со трикови и изненадувања со дури 24 подароци. Се работи за календар, кој содржи големи и мали MAC-производи на кои не можете да им одолеете.

Календарот е достапен од 5 ноември во продажните места на MAC во Скопје, (East Gate Mall).

Од денес, по повод отворањето на MAC Corner во FABUspot, за првите 100 купувачи кои ќе направат сметка над 2.000 денари, следува подарок – кармин во вашите омилени нијанси (Velvet Teddy, Mehr, Ruby Woo, Honelove)!

Се гледаме во FABUspot!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.