Се прашувате зошто мажите ви испраќаат фотографија од својот пенис? ЕВЕ зошто!

Неколку студии нудат одговор на ова прашање

Преку апликации за запознавање или пораки, жените честопати добиваат случајни, несакани сексуални фотографии од мажи.

Навиката на мажите  да им испраќаат ненајавени, несакани сексуални фотографии или видеа на жени, познати под името „пенис фотки“ (или „дик-пикс“), е познат феномен во дигиталната ера.
Во 2020 година, 53% од жените на возраст меѓу 18 и 35 години анкетирани од британската фирма ЈуГов, признале дека примиле „дик-пикс“.
Во суштина нема ништо инхерентно лошо во споделувањето сексуални фотографии или видеа- за некои, тоа е возбудливо и еротски. Особен погоден за такви акции е Снепчет- сликите остануваат само 10 секунди, и потоа се бришат од апликацијата. Колку е тоа навистина така, е друго прашање.
Но три од четири жени велат дека примиле фотографии од машки гениталии без нивна согласност; дел преку четовите на социјалните мрежи, а некои и јавно преку функциите за споделување како Ердроп на Епл.

Што е „сајберфлешинг“?

Што ги тера мажите да им испраќаат фотографии од своите гениталии на целосни странци? Една канадска студија од 2019 година беше меѓу првите која ја испитуваше мотивацијата и очекувањата на мажите кои испраќаат ваквите фотографии, како и нивните демографски карактеристики. Студијата откри дека „сајберфлешингот“ беше најчесто мотивиран од „трансакциски начин на размислување“. Мнозинството од анкетираните 1.087 мажи кои биле анкетирани во студијата изјавиле дека ги испраќале фотографиите во надеж дека ќе им биде возвратено со исти од спротивниот пол. Втората најчеста причина е потрагата по партнер.

Во 2016, американскиот клинички психолог Дејвид Ли се обиде да го анализира феноменот низ научна призма. Но поради тоа што немаше доволно емпириски студии на кои ќе се повика, мораше да се ограничи на споредби и шпекулации. На линија со споменатата канадска студија, Ли заклучи дека ваквото однесување  честопати се базира врз погрешната проценка на мажите на сексуалниот интерес на жените.

Што да се прави?

Честопати, жените едноставно ги игнорираат несаканите фотки со цел да не му го дадат на испраќачот посакуваното внимание. Но постојат и други опции за кои испраќачите треба да бидат свесни. На крајот на краиштата, испраќањето непристојни фотографии не е тривијален прекршок. Примателите би можеле да ги објават во јавност или да ги пријават. Во Германија споделувањето сексуална содржина без согласност е кривично дело, кое спаѓа под незаконска дистрибуција на порнографски материјал. За тоа може да се добие парична казна или затвор до една година.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.