Зошто луѓето умираат во сон: Пулмолог предупредува кои се најчестите причини!

Ненадејна смрт

Зошто луѓето умираат во сон и дали постои начин да се спречи тоа, откриваат лекарите

Смртта не е тема за којашто луѓето сакаат да размислуваат и ако прашате кого било во вашата околина како би сакал да си замине од овој свет, веројатно би ви кажал: на длабока старост, опкружен со најблиските, во сон, ако е возможно.

Ненадејната смрт во сон може да се случи без оглед на полот, возраста или здравствената состојба, така што често слушаме дека некој заспал и не се разбудил повеќе. Додека тоа дава некоја доза утеха, бидејќи личноста не страдала, сепак е и загрижувачко. Зошто луѓето умираат во сон?

„Најголемиот број луѓе што умираат во сон имаат некој здравствен проблем што го предизвикал тоа. Умирањето во сон обично е поврзано со проблеми со срцето, белите дробови или мозокот. Понекогаш, и луѓето болни од дијабетес можат да починат во сон поради ненадејно ниско ниво на шеќер во крвта“, објаснил доктор Милинд Совани, пулмолог од Универзитетот Нотингем.

Но понекогаш, покомплексни и потешко забележливи проблеми се причина за смртта во сон. Докторот нагласил дека неодамна имал пациент кој имал 30-тина години, а починал во сон од Помпова болест, нарушување на складирањето глукоза во организмот, кое предизвикува слабост на мускулите и проблеми со дишењето.

Ако имате некој здравствен проблем, ризикот од смрт во сон го зголемуваат и одредени положби во спиење. Па така, не се препорачува спиење на грб, бидејќи така се компромитира капацитетот на белите дробови. Проблеми со дијафрагмата, исто така, можат да ја искомплицираат состојбата, како и невролошките нарушувања, како што е епилепсија.

Високиот притисок што не се контролира, односно пациентите со хипертензија што не земаат терапија, исто така се изложени на ризик. Притисокот ги зголемува шансите од мозочен и срцев удар, а и двата можат да се случат среде ноќ, додека мирно спиеме. Аритмиите, како и проблемите што довеле до вградување пејсмејкер, претставуваат дополнително ниво на опасност. Апнеата, која го покренува и го сопира дишењето за време на спиењето, исто така е фактор за ризик од ненадејна смрт во сон.

Докторите советуваат дека хронично болните луѓе треба да бидат особено внимателни, бидејќи третирањето на постоечката состојба со соодветна терапија може значително да го намали ризикот од ненадејна смрт во спиење.

Овие промени на телото воопшто не се безопасни: Можат да укажуваат на сериозни заболувања!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.