КРВ ОД НОСОТ: загрижувачки симптом

Најголемата грешка што ја правиме кога ќе ни потече крв од носот е да ја зафрлиме главата наназад. Крвта нема да тече и мислиме дека проблемот е решен. Но впечатокот е лажен!

Со што е поврзано крвавењето од носот и како да си помогнете открива лекарот за итни случаи Дмитриј Александрович Макунин.

ПРИЧИНИ

* Повреда (удар, гребаница или повреда на носната слузокожа во случај на отстранување краста).

* Искривување на носната преграда.

* Хипертензија и атеросклероза придружени со дистрофични процеси во носната слузокожа и васкуларниот ѕид (особено налето, кога температурите се високи и крвните садови се шират). Крвавењето може да биде предизвикано од скок на притисокот, застој на крв во носот и зголемена васкуларната кршливост на слузницата.

* Грип, шарлах, сипаници и други заразни болести. Тие се јавуваат со треска и чести крвавења од носот. Кога температурата ќе се нормализира, крвавењето обично запира.

* Долготрајна употреба на антикоагуланси (препарати за разредување на крвта).

* Болести на белите дробови, слезината, панкреасот, кардиоваскуларниот систем, придружени со застој, заболувања на бубрезите со висок притисок.

* Топлотен и сончев удар, физички напор.

* Брза промена на барометарскиот притисок (летање со авион или длабоко потопување – нуркање).

ШТО ДА ПРАВИТЕ

Седнете и малку опуштете ја главата. На коренот на носот, а уште подобро тилот, ставете шише ладна вода или мраз завиткан во крпа, за да не настинете..

Крвавењето исто така може да се запре со ставање на рацете во ладна вода. Вдишувајте низ носот и издишувајте преку устата. За време на минувањето на ладен воздух низ носот, крвните садови рефлексно се стеснуваат, што исто така го запира крвавењето.

Покрај тоа, при длабоко дишење, крвниот притисок во вратните вени паѓа, а понатаму и во крвните садови на носот.

Внимание! Во случај на крвавење, не смеете да легнувате на грбот или да ја зафрлате главата наназад, бидејќи во таа положба крвта уште повеќе се втурнува во главата. Исто така, таа тогаш може да влезе во хранопроводот и желудникот и да предизвика повраќање. Постои и ризик од крвавење во дишните патишта.

СОВЕТ ПЛУС

Во случај на крвавење, во носот не треба да се става вата: таа ја иритира слузокожата на носот, предизвикува кивање, а исто така може да доведе до одвојување на нејзините влакна, кои потоа можат да навлезат подлабоко во синусите.

Ако ватата стигне на гласните жици, постои ризик од давење или задушување. Најдобро е да користите завој, чиј крај треба да стои надвор од носот.

Многу повеќе корисни совети можете да пронајдете во специјализираното списание за унапредување на здравјето „Руски доктор“.

Текст: „Руски доктор“

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.