Мелатонин – Најважниот хормон за лесно заспивање и за квалитетен сон

Како што старее човекот, така и концентрацијата на мелатонин се намалува, односно на повозрасните луѓе им треба помалку спиење, а скоро редовно имаат проблем да заспијат

Мелатонин е хормон, кој се излачува од епифизата (жлезда, со ендокрино излачување, голема колку зрно грашок, а сместена во средината на мозокот), а кој е одговорен за спиењето, односно за способноста за лесно заспивање и за квалитетен сон.

Мелатонинот, го регулира циркадијалниот ритам на организмот, односно како што почнува да се стемнува, епифизата почнува да излачува повеќе мелатонин (дури и до 10-пати повеќе, споредено со дневната концентрација). Највисока концентрација на мелатонин, е забележана помеѓу 23.00 часот и 03.00 часот наутро. Во присуство на дневна светлина, нивото на мелатонин, значително опаѓа, и човекот се чувствува буден и спремен за активности.

Како што старее човекот, така и концентрацијата на мелатонин се намалува, односно на повозрасните луѓе им треба помалку спиење, а скоро редовно имаат проблем да заспијат.

JAMIESON™  МЕЛАТОНИН ленти 3 mg со вкус на чоколадо и ментол, е производ формулиран за да помогне во обновувањето на оптималниот режим на спиење и надминување на телесната дисхармонија предизвикана од долги летови со авион.

JAMIESON™ МЕЛАТОНИН лентите, за многу брзо време се растворуваат под јазикот и овозможуваат Вашето тело лесно да ги апсорбира активните состојки што овозможува брзо дејство и максимална ефикасност, односно брзо заспивање и квалитетен сон.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.