„Секој момент е важен“ – „Божиновски часовници и накит“ со поддршка на месецот за борба против ракот на дојка

„Секој момент е важен“ има за цел да ги потсети жените за важноста од редовните превентивни прегледи во заедничката борба против ракот на дојката

По пример на светските луксузни брендови и „Божиновски часовници и накит“ се приклучи во кампањата за подигнување на свесноста за ракот на дојката, преку брендирање на своите излози. Од компанијата велат дека на овој начин сакаат да направат дополнителен импакт за потребата од редовни контроли кои како превенција треба да ги направат жените.

„Единствено подобро од креативноста сама по себе е креативноста со некоја поголема цел. Преку брендирањето на нашите излози се обидовме часовникот кој во принцип на нашите клиенти го нудиме како моден детал и статусен симбол, овој пат да го ставиме во функција на потсетник, кој под слоганот „Секој момент е важен“ има за цел да ги потсети жените за важноста од редовните превентивни прегледи во заедничката борба против ракот на дојката“, велат од „Божиновски часовници и накит“.

Тие нагласуваат дека од особена важност им е нивниот излог да биде двонасочен и секогаш се трудат покрај класичното изложување на најновите колекции на часовници и накит, да пренесува и соодветни општествено одговорни пораки, а не само да привлекува погледи.

Покрај брендирањето на излозите од продажните салони на компанијата секој ден по два часа,од 10:00 до 11:00ч претпладне и 17:00 до 18:00ч попладне до крајот на месецот ги означи како Розови моменти. Дел од средствата од сите продадени производи во тој временски период ќе бидат донирани на здружението за борба против рак на дојката „Борка“ за набавување на перики за жени на кои што им се потребни а се од социјално загрозени семејства.

Овој заеднички проект на Божиновски часовници и накит и Борка не завршува тука. Тие ни најавија уште изненадувања во месец ноември.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.