Влезете во новата димензија на кул лето низ неверојатно сензорно патување со Kologne, shield of protection by KILIAN PARIS

Долгоочекуваниот Kologne, shield of protection by KILIAN PARIS пристигна и кај нас!

Cologne е класика. Kologne, shield of protection, од KILIAN PARIS е новата генерација.

Влезете во новата димензија на кул лето низ неверојатно сензорно патување низ свежината, интензитетот и времето. Парфемот е како штит за заштита на Основачот и креатор на Kilian –Hennessy, менувајќи ги нашите потсвесни стравови во чувство на сигурност. Kologne, shield of protection е ултимативна олфактивна експресија на ова верување. Мирис кој дава чувство на заштита насекаде, секогаш, како аура на чистина и виталност при првото нанесување.

Cologne е именуван според германскиот град каде италијанскиот парфимер Giovanni Maria Farina креираше мешавина од цитрус, рузмарин и алкохол во 1709 година, иако неговото потекло оди и подлабоко. Eau de Cologne беше инспириран од рецептите на Средниот век, наречени Aquae Mirabile, или мешавини од антисептички ароматични билки кои се користеле за „прочистување“ на воздухот. Исто така, се споменува и L’Eau de la Reine de Hongrie, мешавина од тревки користени во бајката „Заспаната убавица“ за да се разбуди легендарната принцеза.

Основачот Kilian Hennessy со години го создаваше својот мирис, поттикнат од желбата да се вратиме на корените и значењето на овој уникатен жанр на парфем. Заедно со парфимерката Calice Becker, неговиот „штит на заштита“ беше создаден.

 

Разиграна градина на задоволства, Kologne, дебитира низ цитрусни ноти на зелена мандарина, портокал кој води до срцето на рузмарин, минт и нероли. Софистицирано, дополнет со дрвенести ноти на кедрово дрво, кашмир и зелена боја од растителни ноти. Шишенцето е во сина боја, како совршена летна вечер покрај базен со метални детали.

Шишенцето го има потписот на KILIAN PARIS со арт-деко дизајн подтонови, како и неговиот иконски мотив покрај страните: концентрични кругови инспирирани од божествениот штит направен за старогрчкиот воин, Ахил.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.