Оваа салата постои 70 години, а е направена во чест на кралицата Елизабета II

Рецепт

Постојат многу специјалитети кои обележуваат некој важен настан, а еден од најпознатите во новата историја е салатата со пилешко, крунисана токму од кралицата Елизабета II.

Кога се кажува “Coronation Chicken”, се помислува на познатиот специјалитет направен од ладните парчиња печено или готвено пилешко месо, зачини и сос на база на мајонез, а стана познат по крунисувањето на кралицата на Велика Британија.

Кралицата од фебруари оваа година е официјално 70 години на тронот и со тоа стана вториот монарх со најдолг стаж во историјата.

Иако често се зборува за нејзините гозби и прослави, таа е една од најзначајните луѓе која дојде на високата позиција. Јадењето кое е дел од лондонската кулинарска школа “Le Cordon Bleu” создадено во 1953 година по повод нејзиното крунисување одржано година дена откако стана кралица, па со тоа остана и едно од најомилените оброци до ден денешен.

Оригиналната верзија на ова јадење го измисли Констанс Спрај, англиска гастро авторка, подготвувајќи храна за банкет, Спрај предложи рецепт за јадење од ладно пилешко во сос на база на павлака со кари.

Така е опишано и во менито, со додаток салата од спанаќ, грашок, зачини и чини од секоја страна.

Во оригиналниот рецепт користено е младо, печено пилешко, вода, малку вино со кое ќе ги натопите морковите, зачините, сол, бибер во зрно и сос од кари.

Оригинален рецепт за “Coronation Chicken”

Потребно е:

2,3кг пилешко месо

1 лажица маслиново масло

Едно лукче

1 лажица паста од кари

 1 лажица пире од домат

100мл црвено вино

1 ловоров лист

сок од половина лимон

4 половини кајсија

300мл мајонез

100мл полномасна павлака

Сол по желба

Бибер по желба

 

Подготовка:

Исчистете го пилешкото, исецкајте го на мали парчиња и испечете го. Во малиот лонец загрејте го маслото, додадете лук и згответе го на три минути додека не омекне. Додадете ја пастата од кари, пире од домат, вино, ловоров лист и сок од лимон.

Гответе ги состојките 10 минути, додека смесата не се соедини. Процедете и оставете да се олади. Во миксер ставете половина кајсија и иситнете ја како пире. Изладениот сос постепено измешајте го со мајонезот и пирето од кајсија. Измешајте ја павлаката и внесете ја во мешавината. Посолете и ставете бибер, па по потреба додадете уште малку сок од лимон. Парчињата пилешко месо ставете ги во сосот и измешајте добро да се сложат. На крај ускрасете го оброкот по желба и послужете.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.