Тие станале мајки во петтата деценија од животот: Пејачката исчезнала по породувањето, а оваа бременост била посебна мистерија!

Годините се само бројка

Прочитајте!

Овие славни дами покажаа дека годините се само бројка и дека не е невозможно да се стане мајка во позрели години.

Мадона

Во 2000-та година, пејачката вторпат се оствари во улогата на мајка. Се породи на 42-годишна возраст и на свет донесе момче. Кога првпат се породи, имаше 38 години.

Селин Дион

По многуте неуспешни обиди за вонтелесно оплодување, Селин Дион се породи на 42 години. Роди близнаци. Таа призна дека отсекогаш се борела со плодноста, па побарала помош од експерт. Селин Дион најстариот син го доби во раните 30-ти години.

Никол Кидман

Никол Кидман првпат се оствари како мајка на 41 години, по многу неуспешни обиди. Потоа, актерката имала желба уште еднаш да се оствари како мајка, но не ѝ успеало. На крајот, се одлучила за сурогат-мајка, па на тој начин добила уште една ќерка. Никол Кидман на 24 години доживеала абортус. Во тој момент била во брак со Том Круз.

Наоми Кембел

Во моментот кога објави дека станала мајка, Наоми имаше 52 години. На сите им е чудно тоа што манекенката никогаш не беше видена со стомак. Ништо не се знаеше за нејзината бременост, па започнаа шпекулациите дека детето не е нејзино, туку дека имала сурогат-мајка. Меѓутоа, Наоми ги демантира приказните, велејќи дека детето е нејзино.

Мерил Стрип

Славната оскаровка родила во 42-та година, па четврти пат се остварила како мајка.

Селма Хаек

Актерката стана мајка на 41 година. Таа изјавила дека немала никакви тешкотии да остане бремена.

Џенет Џексон

Славната пејачка се породила на 50 години. Според неа, немала никакви компликации при породувањето.

Хали Бери

Актерката своето прво дете го добила на 41 година, додека вторпат се остварила како мајка во моментот кога имала 47 години. Признала дека била во предменопауза, па таа бременоста била вистински шок за неа.

Пријанка Чопра

Една од најубавите жени на светот, поранешната мисица и актерка, Пријанка Чопра, стана мајка во јануари на 40 години, што го откри на Инстаграм, објавувајќи ја среќната вест.

Натали Имбрулија

Славната пејачка Натали Имбрулија, чиј хит го пеевме во 1990-тите години, станала мајка во петтата деценија од животот пред три години, а денес живее мирен живот далеку од медиумите.

Ева Лонгорија

„Очајната домаќинка“ Ева Лонгорија стана мајка на 43 години кога во 2018 година на свет го донесе момчето Сантијаго Енрике.

Каква мајка – таква ќерка: Дегутантното издание на наследничката на Мадона предизвикало лавина од коментари!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.