Брзо и лесно: Направете сладолед за пет минути!

Рецепт

Сладолед од две состојки.

Катарина Стојковиќ во моментов ја води неверојатната инстаграм-страница под називот @veselizalogaji. Нејзините рецепти се здрави и едноставни, но и доста необични.

Совршено изгледаат и имаат уште посовршен вкус, а благодарение на идеите на Катарина, можете да пробате нешто освежително и поразлично.

Еден од нејзините суперрецепти е и сладоледот кој се прави само од две состојки, без шеќер, и има совршен вкус.

Потребни состојки:

2 замрзнати банани (пред да ги ставите во замрзнувач, исечкајте ги за подобро да се измешаат во блендерот)

3 полни лажици џем од јагода

Измиксајте ги и веднаш послужете. Сладоледот е најубав кога се јаде веднаш, без дополнително замрзнување. Тогаш е кремав и замрзнат таман толку колку што. По желба, можете да исечкате јаткасти плодови или некое овошје и да го посипете со нив.

Добар апетит!

Видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.