„Magnetista” нов мирис од „Орифлеим“ со научно докажана моќ во зголемувањето на привлечноста на жените

За посебни и атрактивни жени!

Станува збор за уникатен мирис со живи и кадифени ноти добиени од цветот на страста Пасифлора

Шведската козметичка компанија Орифлеим, организираше невообичаен и магичен настан на кој го промовираше „Magnetista” единствениот мирис на светот за кој научно е докажано дека има моќ да ја зголеми привлечноста на жените кај мажите.

Викторија Лоба која воeдно е и заштитно лице на Орифлеим истакна дека:

‘Magnetista’ како што кажува и неговото име, има ефект како на магнет, збогатувајќи ја жената со невидливо моќно оружје, кое и овозможува да ја контролира и успешно заврши играта на заведување. Со својот неодолив и модерен мирис оваа парфимирана тоалетна вода е наменета за сите современи и урбани жени кои сакаат да бидат свои, посебни и атрактивни!“

Станува збор за уникатен мирис со живи и кадифени ноти добиени од цветот на страста Пасифлора, со неодолив и привлечен мирис кој поседува вибрантна енергија на заведување, како најсензуалното танго на светот.

„’Magnetista’ ја истакнува женската енергија и оригиналност, овозможувајќи мирисот да биде нејзиниот најсилен адут во привлекувањето. Оваа парфимирана тоалетна вода ја создадоа можеби двете најпознати и светски најреномирани професионални парфимерки Емили Коперман и Алиенор Масене, кои успеаја да создадат есенција со магична моќ на привлекување“, дополнително изјави Катaрина Штерјовска, Директор на Орифлеим за Македонија

Неодамна спроведената невроклиничка студија потврди дека жените кои имаат нанесено од мирисот „Magnetista” се многу попривлечни за мажите од оние жени кои го немаат нанесено. Мирисот моментално се раширува и е со долготраен интензитет. Во студијата се тестираа емоционалните реакции, мозочната активност и движењето на очите, кои настануваат при сетилен контакт со уникатниот мирис од „Magnetista”.

Невронаучниците потврдија дека благодарение на уникатната состојка Феромон, која се добива од растението Пасифлора, ова парфимирана тоалетна вода има привлечен и неодолив мирис за мажите, и делува како силен афродизијак. Имено машкото сетило за мирис функционира како филтер, систем кој буквално ги анализира сите потенцијални партнерки, памирисот има голем потсвесен ефект во привлекувањето.

Со овој производ Орифлеим Македонија го збогатува своето широко портфолио на квалитетни природни производи, кои ја надополнуваат и истакнуваат женската убавина, и воопшто им овозможуваат на луѓето да го променат својот живот на подобро.

Орифлеим Македонија

На македонскиот пазар постои веќе 23 години, континуирано обидувајќи се  да ги доближи своите природни производи како и целата филозофија за убавината до македонските жени, помагајќи им во секојдневната грижа за себе. Со своето бренд мото „Убава на свој начин“ Орифлеим на своите корисници сака да им порача дека ги почитува сите жени заедно, со сета нивна различност, единственост и посебност, а тие се тука за да им помогнат да ја истакнат својата верзија на убавина на свој начин и да ја поддржат во сите нејзини облици.

За Орифлеим Шведска

Основана во 1967 година, Орифлеим е компанија со директна продажба во повеќе од 60 земји. Нејзината широка палета на шведски, напредни производи инспирирани од природата ја нудат над 3,5 милиони Независни Орифлеим Консултанти во повеќе од 60 земји на ширум светот. Нивниот константен успех се базира на врвниот квалитет на  производи наменети за нега на кожа со врвни перформанси, преку велнес производите за убавина однатре, па сѐ до врвната декоративна козметика.

Со 52 годишно искуство, повеќе од 100 научници и најсовремени центри за истражување и развој, Орифлеим постојано открива нови решенија, патенти и состави за да создаде напредни и висококвалитетни производи кои ги следат потребите на современиот потрошувач.

Почитта за луѓето и природата е темелот на Орифлеим и тоа може да се види во нејзината грижа за животната средина и општеството. Орифлеим поддржува бројни хуманитарни акции низ целиот свет и е коосновач на Светската фондација за деца.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.