Трансформациите на Лејди Гага низ годините – Ексцентричноста ја замени со елеганција и софистицираност

На новиот изглед на пејачката никој не може да остане рамнодушен

Getty Images

Некогаш за фоторепортерите приредуваше вистинско шоу провокативно позирајќи, а денес мирно се смешка пред објективите

Лејди Гага ги живее најславните денови од врвот на својата кариера. Филмот „A Star Is Born“ ги привлекува гледачите во кино салите, а неа и на Бредли Купер им носи награди.

Иако донеодамна беше позната по ексцентричниот стил, настапи и јавни појавувања кои предизвикуваа секакви реакции, денес Гага на црвените теписи се појавува во елегантни изданија и нежно нашминкана.

Фустаните со боја на месо кои некогаш ги носеше денес не би ги облекла ни во најлош кошмар, а нејзината гардероба сега се состои од елегантни фустани поради кои почнаа да ја прогласуваат за една од најдобро и највкусно облечените славни личности.

Некогаш за фоторепортерите приредуваше вистинско шоу провокативно позирајќи, а денес мирно се смешка пред објективите.

Но, промената на облеката и однесувањето не е единствената која ја забележаа нејзините обожаватели. Како што кружат муабети по социјалните мрежи, и изгледот на нејзиното лице со текот на времето се измени, па многумина од нејзините најверни фанови се прашуваат што Гага направила од себе.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.