Фантастично тесто: Направете меко печиво со лук

Секогаш ќе ги правите!

Овој рецепт ќе ги воодушеви сите домаќинки што уживаат во вкусните залчиња

Потребни состојки:
  • Тесто за пица
  • 1 лажица лук во прав
  • 1 лажица брашно
  • 2 лажици маслиново масло
  • 50 грама путер
  • 5 чешниња лук
  • 2 лажици ситно сечкан магдонос
  • сол

Приготвување:
  • Поделете го тестото за пица на топчиња.
  • Во сад измешајте лук во прав и брашно, па и извалајте ги топчињата во оваа смеса за да станат лепливи.
  • Премачкајте ги топчињата со маслиново масло и печете ги 20 минути во рерна на 200 степени Целзиусови.
  • За тоа време, пригответе го преливот, така што ќе стопите путер, ќе истолчите лук и ќе исечкате магдонос.
  • Измешајте го сето тоа заедно во сад, а кога печивата ќе бидат готови, премачкајте ги со добиениот ароматичен прелив.
  • Посолете ги и послужете ги топли.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.