Ова е бојата што ќе доминира во текот на целата година: Оди со сè, а може да ја носите и во канцеларија и на свечен настан!

Хит-боја за 2024 година

Беж бојата никогаш нема да излезе од мода, но дури и таа има повеќе интересни нијанси

Колоризмот не е едноставна наука. Секогаш кога ќе одлучиме да облечеме нешто покомплицирано од црната, пронаоѓањето совршен пар за одредена боја, понекогаш знае да предизвика многу потешкотии. За среќа, во модната арена се појави нов фаворит, кој полека ја симнува богатата пурпурна од пиедесталот.

Во пролет и лето 2024, помеѓу трендовските бои на сезоната, се појави интересен колорит – односно, покрај разните нијанси на црвена (од зрела цреша до лубеница), путер жолта, небесносина и тревкасто зелена, ќе владее и бојата што изгледа како загорен бисквит или како колаче со златно-кафена кора.

„Макс Мара“ и „Миу Миу“ го одбрале овој колорит како ѕвезда водилка при креирањето капути, додека „Акрис“ и „Блумарин“, ја искористиле оваа совршена нијанса за да создадат елегантна облека за сите пригоди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia (@beingjulia_)

Овој тренд беше очигледен и на ревиите за пролет/лето 2024. Дриес Ван Нотен ја наменил за блејзери и костими, додека Роберто Кавали креирал разигран фустан, идеален за романтично рандеву покрај океан, а Карвен креирал проѕирен модел за смели и блескави убавици.

За да не погрешите при купувањето, погоре ви подготвивме избор на парчиња во боја на загорено колаче, кои ќе го направат вашиот стајлинг навистина модерен.

Секако, не мора да се облечете од глава до пети во оваа боја. Доволен е еден мал моден додаток и подготвени сте.

Најпопуларните чизми чинат 500 евра, а мислењата се поделени: Некои жени ги обожаваат, додека други не можат да ги поднесат!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.