Кох од гриз: Колач по стар рецепт, без ниедна мана!

Пробајте!

Само внимавајте да не изедете пола тепсија ако ви се допадне многу

Состојки:
  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 10 лажици гриз

За преливот:

  • 1 л млеко
  • 6 лажици шеќер
  • 3 кесички ванилин шеќер
Приготвување:

1. Одвојте ги белките од жолчките. Прво, изматете цврст снег од белките, постепено додавајќи шеќер и жолчки, а на крајот, додајте го гризот и внимателно измешајте со лажица.

2. Добиената смеса сипете ја во подлабок подмачкан плех и печете ја на температура од 180 степени, 15-тина минути додека зарумени.

3. Во литар млеко ставете шест лажици шеќер (може и помалку ако сакате колачот да биде помалку сладок), па додајте и ванилин шеќер.

4. Загревајте го млекото додека се стопи шеќерот, а потоа сипете го врз испечениот кох.

Најдобриот рецепт за кох: Надополнете го вашиот ручек со десерт што сите го обожаваат!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.