Инцидент на концертот на Драгана Мирковиќ: Маж се качи на бината, обезбедувањето брутално реагираше! (ВИДЕО)

Да се доближи со пејачката...

Но, вечерта не помина совршено…

Пејачката Драгана Мирковиќ го одржа првиот концерт во Крагуевац во рамки на својата турнеја „До последен здив“ завчера и ја воодушеви тамошната публика.

Но, вечерта не помина совршено, во еден момент не по вина на Драгана дојде до инцидент.

Имено, додека Мирковиќ го изведувала бројот „Za mene si ti“, при што ѝ се придружил танчер во тигарски костим, како што се појавува во спотот за истоимената песна од 1994 година, непознат маж се качил на сцената, претпоставуваме, со желба да се доближи со пејачката.

Иако Драгана, откако го виде непоканетиот гостин од публиката, воопшто не реагираше бурно, нејзиното обезбедување реагираше и веднаш влета, го зграпчи човекот кој за малку ќе паднеше, а потоа многу грубо го тргна од бината, за малку да го фрли назад во публиката.

Видеото од инцидентот набрзо се појави на интернет, а стана вирално на социјалната мрежа TikTok.

Фото: принтскрин

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.