Модел на чевли што веќе 70 години не излегува од мода (ФОТО)
За ретко кое парче облека или моден додаток може со сигурност да се каже дека е безвременско, но за овие чевли дизајнерите тврдат дека е така. Големата Коко Шанел се раководела од изреката „едноставноста е клучот на вистинска елеганција“, а токму тоа го потврдуваат црно-беж чевлите „Шанел“ со коцкеста потпетица чија популарност не опаѓа веќе 70 години. Славната дизајнерка сметала дека оваа комбинација на бои придонесува женските стапала да изгледаат посексапилно и визуелно многу помали.
View this post on Instagram
Double C babes 🖤✨ #chanelslingback #peggylovesshoes @liketoknow.it #liketkit http://liketk.it/2xyRh
Ако се прашувате зошто тому врвот на обувките е црн, знајте дека и тоа е добро осмислено. Коко настојувала нејзините креации да бидат што е можно подолговечни, па црвниот врв е тука за да придонесе за помала видливост на евентуалните оштетувања.
Овој модел може да се најде со разна висина на потпетиците денес, а Карл Лагерфелд создаде нивна нова верзија на која се зашиени бисери или имаат ремчиња околу зглобот.
Сепак, класиката останува класика, па првиот модел на овие чевли е се’ уште најпопуларниот.