Кејт е БОЖИЦА НА БИЗНИС-КЛАСИЧНИОТ СТИЛ, а се појави во комбинацијашто секоја жена МОРА да ја има во својот плакар

Едноставно и убаво издание, нели?

Овие 3 парчиња се спас во полседен час и покриваат многу пригоди.

Војвотката од Кембриџ беше во друштво на својот сопруг Вилијам во Лондон на средба со хуманитарните работници кои се вратија од Украина, и уште еднаш докажа дека нема простор за модни грешки во нејзиниот стил.

Овој пат таа играше на сигурно, избирајќи малку здодевна, но од друга страна, класична, деловна комбинација, која секогаш може да помине.

Кејт Мидлтон искомбинира три безвременски парчиња, кои секоја жена треба да ги има во својата гардероба, бидејќи тоа се парчиња кои лесно се комбинираат и се основни за сите жени кои претпочитаат софистициран, едноставен начин на облекување.

Убавата 40-годишна дама избра класични панталони во црна боја, наједноставна бела блуза и феноменално беж сако.

Кејт се одлучи за квалитетно долго сако со копчиња во два реда од брендот Reis, чија цена е 285 фунти, а ова исклучително парче им пркоси на трендовите и остава моќен и софистициран впечаток.

Комбинацијата ја надополни со безвременски црни салонки од превртена кожа и со едноставни, мали обетки во боја на килибар. Едноставно и убаво издание, нели?

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.