Дали би издвоиле 95 евра за папучи во облик на леб?

Шопинг-предизвик

Верувале или не, естонскиот рапер Томи Кеш, во соработка со францускиот луксузен бренд Maison Margiela, претстави папучи во облик на векна леб.

Кеш првпат ги претстави папучите во 2019 година во рамките на изложбата со американскиот моден дизајнер Рик Овенс. Внатрешноста на папучите изгледа како средишниот дел на бел леб, додека однадвор изгледаат на свежо печена векна.

Се чини дека необичниот дизајн е карактеристичен за естонскиот рапер, кој претходно овој месец претстави патики долги 1 метар кои ги дизајнирал во соработка со спортскиот бренд „Adidas“.

Папучите во облик на леб кои го носат логото на Maison Margiele можат да се купат преку веб-продавницата на брендот, а за нив е потребно да издвоите 95 евра.

Папучите се претставени во рамките на колекцијата што содржи и парчиња со потпис на Кеш, но и пакување вакумирани нудли со логото на модната куќа.

Покрај калориите и нутритивните податоци, на пакувањето се наоѓа и предупредување:

Ова е колекционерски предмет. Овој производ не е за консумирање. Јадете само на сопствен ризик“.

Пакувањето нејадливи нудли со потпис на Кеш и Maison Margiele изнесува 12 евра.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.