Зендаја ги засени сите! Изгледот на актерката сите ги остави без зборови (ФОТО)

Жената за која велат дека е современа икона на стилот ја потврди дефиницијата дека помалку е повеќе.

Екипата на хит серијата „Еуфорија“ се собра на црвениот тепих во Лос Анџелес за да го промовира ова достигнување, а очекувано – Зендаја (25) беше ѕвезда на вечерта!

Младата актерка е позната како една од најдобро облечените жени во светот, за што минатата година доби и официјално признание, па не е ни чудо што нејзините изданија секогаш привлекуваат големо внимание.

За оваа пригода, Зендаја избра еднобојна, тренди-комбинација со парчиња кои ѝ ласкаат на нејзината фигура, но и на нејзиниот сензибилитет.

Актерката блесна во квалитетен сив костум, а целиот аутфит навистина не’ остави без здив, бидејќи потврди дека помалку е навистина повеќе!

Костумот го искомбинира со блуза во истата нијанса, а целиот изглед го заокружи со сиви салонки и дискретни, светкави, дијамантски обетки.

Зендаја не би била икона на стилот доколку не се погрижеше да има необична и ефикасна фризура – косата ја залижа наназад и креира изглед на „лажен“ боб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Style Rave (@stylerave_)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.