Ќерката на Моника Белучи ги маѓепса сите (ФОТО)
Го наследи шармот на славната мајка
Префектниот а едноставен изглед на младата Французинка едноставно не’ воодушеви!
На неодамна одржаната ревија на Диор во Париз, Дева Касел привлече големо внимание и одлично го претстави францускиот стил, покажувајќи што точно значи.
Ќерката на Моника Белучи и Венсан Касел избра софистицирана црна комбинација, која ја носеше самоуверено и грациозно како вистинска ѕвезда.
Имено, убавата бринета значително се истакна во комбинацијата на „Диор“, која се состои од елегантни палацо-црни панталони и мини-корсет со крупни копчиња.
Во раката ноншаланто носеше соодветно сако, а во полето на модни додатоци се одлучи за микро-чантиче во пудреста-нијанса и едноставни сандали со ремчиња.
Фото: Printscreen Instagram