Не може подобро од ова: Летиција блесна во најубавото издание досега (ФОТО)

Дали се согласувате?

Нејзиниот фустан е магнет што привлекува внимание, а дефиницијата е исконска елеганција!

Кралицата Летиција и нејзиниот сопруг Фелипе вчера присуствуваа на церемонијата на доделување на престижната книжевна награда Мигел де Сервантес во Мадрид, која годинава ѝ припадна на уругвајската писателка Кристина Пери Роси.

Убавата Шпанка за оваа пригода избра неверојатно убав фустан, кој како да е сошиен само за неа! Во олку елегантно, ефектно издание одамна не сме ја виделе.

Летиција се одлучи за фустан од шпанскиот дизајнер Мануел Пертегаз, кој ѝ е еден од омилените дизајнери, па дури и на својата свадба носеше венчаница со неговиот потпис.

Овој светлосин фустан со миди-должина ја истакна витата, хармонична фигура на славната 49-годишна дама, а креацијата ја красеа пошироки ракави, рол-јака и прекрасен цветен вез во црвена, розова, бела и тегет боја.

Шпанската кралица го заокружи стајлингот со розови салонки од превртена кожа и писмо-чанта во истата нијанса, како и дискретни розови, дијамантски обетки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by soy_letizia (@soy_letizia)

Посебно ни се допадна шминката на Летиција, која ја подмлади, но ѝ даде и свежина, придонесувајќи да изгледа женствено, а косата ја собра во опавче, уште еднаш потврдувајќи дека одлучила да не ја бојоса косата и дека нема проблем да ги покаже седите влакна.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.