Овој ТРЕНДИ-ДЕТАЉ минатото лето го носеше СЕКОЈА ДЕВОЈКА на плажа, а сега неговата популарност ЕКСПЛОДИРА

Не е скап, изгледа шик и му дава посебен шарм на лицето.

Доколку ги следевте ревиите на дизајнерите на модните недели ширум светот, сигурно забележавте интересен тренд, кој е лесен и евтин за следење и ѝ дава посебен „шмек“ на секоја комбинација. Станува збор за чокер-ѓерданите!

Ова е тренд, кој ги одбележа 1990-тите, кога како тинејџери носевме мрежа околу вратот, беше екстремно популарен во 2016 и 2017 година. Потоа исчезна некое време, но сега се врати, поубав од кога било.

Сè уште е клучно чокерите да се околу вратотт, но направени се од бисери, метал, бисери, циркони, камчиња, полускапоцени камења… Минатата година на плажите низ светот можеше да се види дека девојките носат едноставни чокери од бели бисери, а тоа беше само најава за овој врвен хит.

Овој ѓердан ќе направи да изгледате помладо и поурбано – ток е „кул“ детаљ што навистина секој може да си го дозволи; чокер може да се купи за 100 денари!

 

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.