Трендсетерка: Лежерен поп-арт на Хале Бери за прошетка низ градот (ФОТО)
Моден хит
Оскаровката Хале Бери (53), освен што настојува да ја одржи витата става, секогаш ги следи и модните трендови.
Па така, деновиве го носи модниот хит во Америка – црна маица од брендот Church Boutique со поп-арт принт, инспириран од славниот портрет на Мерлини Монро, дело на Ворхол.
Оваа маица одлично се комбинира со фармерки, а нејзин куриозитет е и испреплетениот заден дел.