Сите зборуваат за задникот на Бијонсе: А ги забележа ли некој ужасниве чизми?

Бијонсе Ноулс (38) на својот инстаграм-профил ја најави новата соработка со Адидас, под името кое веќе е познато, IVY PARK, а за колекцијата со денови се коментира, како и облините на пејачката, кои доминираат во кампањата.

Бијонсе во фокусот ја ставила својата славна ,,заднина”, поради која малку кој успеа да ги забележи чорапите – чизми со тенки потпетици која таа ги има на себе.

Да имам вакво тело, ја би шетала гола по цел ден – и’ напиша една обожавателка под фотографиите на социјалните мрежи. Некои коментари беа и за застрашувачките чизми за кои се надеваат дека нема да се најдат во продажба.

Модните познавачи велат дека новите адидас-патики „Слик 72“ ќе бидат задолжително трендовско модно парче. Колекцијата на спортска облека, под веќе познатото име „IVY PARK“ (од успехот во 2016 година) ќе биде пуштена во продажба на денес на 18 јануари.

Како и минатата колекција, и оваа содржи модни прачиња кои се дизајнирани за најразлични спортски активности, а ѕвезди на колекцијата се патиките „Слик 72“. Бијонсе веќе се пофали за соработката со „Адидас“ постирајќи ги на својот инстаграм-профил првите фотографии од рекламната кампања.

https://www.instagram.com/p/B7Fe2F7nRR1/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.