Зимски фаворит: Вечниот твид

Облеката инспирирана од шеесетите години на минатиот век е апсолутен хит на сезоната

Зимските денови се како создадени за облеката од твид, по кои и една од најпопуларните луксузни модни куќи, Шанел стана препознатлива.

Сако од твид, по примерот на оние кои пред многу години ги креираше Коко Шанел, е парче кое секоја жена треба да го има во својот ормар.

Твидот е топол материјал кој се прави од волна, а често можеме да видиме јакни, капути и комплети токму од овој материјал.  Иако некои сметаат дека изгледа премногу ретро, многу дизајнери не се согласуваат, како и многу познати личности.

Прв кој често го употребуваше овој материјал во своите колекции е легендарниот Карл Лагерфелд.

Твид не може да изгледа лошо особено ако го вклопите со допадлива облека, накит или торба.

Не заборавајте вашата твид комбинација да ја зачинете со добри кожни чизми. Кожата и твидот одлично се вклопуваат. Во продолжени погледнете некои од преубавите комбинации кои можат да го инспирираат вашиот зимски стајлинг.

https://www.instagram.com/p/B7LEEoopZM4/?utm_source=ig_embed

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.