Ова се најдобро облечени жени во 2019

На изминување на 2019 година, првата дама на магазинот „Вог“ ја направи листата на најдобро облечени жени во 2019 година.

Зои Кравиц е на петтото место, со својот уникатен моден израз.

5.Зои Кравиц

Лејди Гага доживеа вистинска трансформација годинава на секое поле. Дефинитивно може да се каже дека 2019 беше нејзина година во која го покажа својот уметнички раскош, но и софистицираниот моден избор.

4.Лејди Гага

За Винтур Ријана е секогаш беспрекорно облечена млада ѕвезда, која одлично се снаоѓа и како дизајнер и со тоа одлично ѝ одат модните игри.

3.Ријана

Наоми Кембел иако не беше меѓу личностите што најмногу ги гледавме годинава, сепак за Винтур е една од најдобро облечените, која со зрелоста совршено ги балансира сексапилот и дамскиот изглед. Годинава нè изненади со косата, покажувајќи ја својата природна должина.

2.Наоми Кембел

Нема сомнеж дека Меган сосема издоминира годинава и направи посебно влијаније во модниот свет, но и врз економијата, бидејќи парчињата што таа ги носеше се продаваа експресно.

1.Меган Маркл

 

.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.