Џиџи Хадид покажа како се носи најмодерното модно парче оваа сезона (ФОТО)

Удобно и стилски

Shacket (кошула + јакна) или кошула-капут, едно од најпрактичните парчиња на есенската и зимска сезона ќе се задржи и оваа пролет. Сосема природно: удобно и стилско парче, кое може да се носи и наместо капут кога деновите се топли.

И Џиџи Хадид е забележана во една од овие кошули – станува збор за електрично-син модел на кошула, кој популарната манекенка го искомбинира со црни панталони и патики. Стајлингот го надополни со минијатурна правоаголна чантичка, а забележавме и кеса со хамбургери – заслужена награда по Модната недела во Милано.

 Фото: Instagram
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.