ЛЕТО ВО БОИ: Кога наутро ќе се разбудите лошо расположени, облечете нешто во жолта боја

Набргу ќе почнете да се чувствувате подобро. Со црвената нема да згрешите ако сакате да заведете некој маж, а во розовата гарантирано ќе изгледате преслатко

Во почеток, ајде да научиме нешто за боите што се најдобри „кревачи“ на расположението во тмурни денови. Велат дека црвените парчиња претставуваат најдобар избор кога сакате да привлечете внимание, посебно машко, бидејќи мажите не можат да им одолеат на жени во црвено. Оваа боја е најдобар избор кога сте уморни, бидејќи го подобрува расположението. Но кога имате деловен состанок, избегнувајте ја црвената боја за да не оставите погрешен впечаток.

Кога сакате да демонстрирате авторитет

Облечете темносин костум – така ќе оставите впечаток на личност што има контрола. Ако пак, сакате да истакнете дека сте лице од доверба, облечете посветли нијанси на сино. Доколку немате црн или син костум, како замена може да послужи облека со темнозелена нијанса. Сакате да привлечете внимание на работното место, облечете нешто виолетово.

Тоа е одлична боја и за вечерно излегување – претставува алтернатива за црна.

Виолетовата боја открива одговорна и смирена личност, па доколку ви прилега оваа боја – заиграјте на таа карта. Не сомневајте се дека во жолта гардероба нема да се најдете во центар на вниманието.

Оваа боја би требало да ја носите кога сте лошо расположени, а да ја избегнувате на деловни состаноци, бидејќи ќе оставите впечаток на неодговорна личност. Кога станува збор за не-боите, црна и бела, важно е да го истакнеме ова: белата одлично им прилега на лица со светли очи, особено во комбинација со песок-боја или со сива.

Црната е одличен избор за деловни состаноци, но и за вечерно излегување. Не е важно за каков материјал се работи – и неквалитетните црни парчиња изгледаат елегантно.

 

Колку бои треба да се носат?

Правило е за деловни комбинации да доминира само една боја, најмногу две. Во практика тоа би значело дека со црн костум треба да носите бела кошула или маица и да ги искомбинирате со црвени модни додатоци (чевли, ремен, чанта). Бидејќи црната и белата се небои, доминира само една – во случајот црвената.

Исто така, ако носите нијанса настаната од небоја, на пример сива или беж, за комплетен впечаток ќе ви треба виолетова или црвена (за сиво), зелена или чоколадна (за беж). И едната и другата комбинација можете да ги зачините со модни детали во кафена, темнозелена или сенф-боја. Кога ќе се собере – носите две доминантни бои и база со неутрална боја.

Кога станува збор за кежуал-комбинации, играјте си со бои. Слободното време е само наше и кога излегуваме, патуваме и се дружиме – времето си го прават своето – ни го подобруваат расположението, ни ја креваат енергијата, нè прават посвежи и млади. На што треба посебно да внимаваме? Дознајте кои бои ви прилегаат во согласност со бојата на тенот и на косата, но нијансите приспособете ги на основните правила на бонтонот.

Пинк-бојата е совршен избор, но дали е прифатлива ако ја носи 50-годишна жена? Ако имате еднобојна пинк-маица, направете ја „попристојна“ со кафени или со сини тонови, а ако на маицата стои натпис „sexy baby” – сепак дајте ѝ ја на ќерка ви.

Која боја ви прилега?

Ако имате светол тен, темна коса и темни очи, носете студени и светли бои. Ви прилегаат сина, тиркизна, смарагдна, темновиолетова…

Имате црвеникава коса или сте русокоса со темни очи? Носете топли бои, како што се окер, кафена, маслинесто-зелена, црвена или боја на ’рѓа.

Ако имате многу светол тен, па без шминка изгледате испиено, а очите ви се зелени или сини, носете бои со средни тонови. Одлично ви прилегаат виолетова и сина – и тоа во сите нијанси.

Градени сте како песочен часовник? Задолжително истакнете ја половината!

Совршено жолти? Од глава до петици – само ако имате под 30 години! За време на летото е дозволена оваа „модна лудост“, само внимавајте како ја комбинирате – темносина или бела се идеални бои да го намалите драматичниот изглед на жолтиот костум.

 

Немате облини, а рамениците и колковите ви доминираат? Изберете фустан со рамен крој! И немојте да се изненадите кога пријателките ќе почнат да ве прашуваат каква диета држите!

Сакате комбинезони, а ниски сте… Изберете модел со стилизирана лента на средина. Така оптички ќе додадете уште некој сантиметар.

Ако имате крушовидна фигура, избирајте комбинации со светли и темно нијанси: светлата визуелно го зголемува деколтето, а темната ги стеснува колковите.

Ако имате големи гради, фустанот нека има стилизирано закопчување за оптички да се продолжи деколтето. Внимавајте само копчињата да не ви се откопчаат и не заборавајте модни додатоци – оваа сезона се носат шалови! Нека бидат со нијанса од истата група – црвен фустан и розов шал се идеална комбинација.

Во бели маици или блузи ќе изгледате посвежо, но внимавајте. Од разладениот, климатизиран воздух во работните простории би можеле да ви се познаваат брадавиците.  Затоа носете дебел градник или кардиган со кој ќе се наметнете во канцеларија.

Ако сакате бермуди, внимавајте да не бидат оние до средина на натколениците. Колку треба да се широки? Вашата нога треба да зазема 2/3 од ширината на ногавиците.

Кога носите чевли во боја, треба да бидат доволно длабоки за да не ви се гледаат прстите.

Кога носите сако и накит, внимавајте Ѓерданот да не биде подолг од почетокот на копчињата.

Ви се допаѓаат кратки јакнички, но не можете да се пофалите со стомачни? Носете комбинации со подолги маици и со пократки јакнички!

Текст: Алма Премерл Зоко

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.