„Баленсијага“ лансирале скинати и валкани патики што чинат речиси 100.000 денари: Модата отишла по ѓаволите!

Дали е ова реално?

Брендот „Баленсијага“ издал нова серија патики со име Paris Sneakers. Пребарајте малку низ старите обувки, сигурно ќе најдете слични!

Новите патики на „Баленсијага“ изгледаат старо, износено и валкано, а се продаваат по цена од речиси 100.000 денари!

На страниците на модниот бренд пишува дека овој „класичен дизајн интерпретира атлетика од средината на минатиот век“, односно дека станува збор за „безвремени“ обувки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 5th Summer (@5thsummer)

Напишале и дека фотографиите во маркетиншката кампања прикажуваат патики кои се потполно износени и валкани, што значи дека тие во продажба се, сепак, во малку попристојна состојба.

Како што објасниле, идејата е тие „портрети“ на патиките, што ги направил фотографот Леополд Духемин, да сугерираат дека Paris Sneakers се направени за да се носат цел живот.

Меѓутоа, се чини дека луѓето не се многу воодушевени од оваа идеја и дека кампањата, генерално, им е смешна и бизарна.

„Конечно моите стари патики повторно ќе бидат во мода“, „Некој во моментов штеди за да го купи ова“, „Но први април помина пред еден месец“, се само некои од коментарите.

Некои сметаат и дека овој потег на „Баленсијага“ може да се толкува и како навреда за сиромашните.

Ова се обувките број 1 за летово, а нас ни се заврти во глава: Дали ова се најгрдите влечки некогаш направени?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време