ДОЗНАВАМЕ: 2 модела на чизми кои дефинитивно најмногу ќе се носат оваа есен

Не само што се тотално модерни, туку се и многу удoбни, штитат од дождот и привлекуваат внимание.

Летото сè уште трае, но веќе имаме можност да ги погледнеме есенските трендови! Со оглед на тоа што обувките многу влијаат врз изгледот на секоја модна комбинација – лесно може да ја уништат, но и да ја спасат, најмногу нè интересираше какви чевли ќе носиме во наредната сезона.

Имено, оваа есен ќе се издвојат два модели на чизми, а добрата вест е што покриваат повеќе месеци – идеални се и за раните есенски и пролетните денови, но и за оние зимски денови без густ снег!

Доколку ги погледнете колекциите на познатите брендови, ќе забележите доминација на два модели на чизми – каубојки и познатите бајкерки!

Каубојките се во тренд веќе трета сезона по ред, но оваа ќе го достигнат врвот на својата популарност и буквално ќе се носат во сите варијанти и верзии. Високи, ниски, со средна должина, со ниска или повисока потпетица, во класична црна или кафена боја, но и повпечатливи модели, со извезени детали, изработени од превртена, но и мазна кожа…

Изборот е неверојатно широк, а зависи само од вашиот вкус и афинитет. Каубојките особено ги сакаат помладите генерации и жените кои ги поминуваат границите на класичното облекување, бидејќи овој тип чизми внесува капризност и смелост во стилот, давајќи ѝ откачен и урбан шарм на секоја комбинација.

Ако одлучивте да го следите овој жежок тренд на претстојната сезона и да инвестирате во каубојки, комбинирајте ги на едноставен начин – со кожени или тексас-здолништа, едноставни плетени фустани кои ја следат линијата на телото, со тесни фармерки или кожени панталони или со лелеави фустани со миди-должина.

Одлично се согласуваат и со предимензионирани џемпери и кошули, и подолги јакни.

А бајкерките се за „жестоки“ дами!

Кога брендот MiuMiu го претстави својот модел на чизми во моторџиски стил, трендсетерите веднаш ја прифатија оваа естетика!

Изработени се од густа кожа, украсени со низа метални ремени и токи и се со средна должина – односно до средината на листот.

Моторџиските чизми се парче што има моќ да ја трансформира секоја модна комбинација во секунда, бидејќи се вистински елемент на изненадување, но и модел идеален за преодниот период помеѓу летото и есента.

Nema bojazni da će bajkerke propustiti kišu! Обидете се да ги носите со неглиже сатенски фустани – на тој начин ова елегантно парче лесно ќе го претвори во урбано и секојдневно.

Pernille Teisbaek in a slip dress and jacket

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.