Дали ова е најгрдиот фустан направен досега?! (ФОТО)

Дури ни боливудската убавица не успеа да го разубави

Фото: Getty Images

Боливудската ѕвезда Пријанка Чопра (36) на премиерата на филмот Isn’t It Romantic заедно со тазе сопругот Ник Џонас (26) привлече најголемо внимание на црвениот килим, за што придонесе веројатно најгрдиот фустан на светов, кој одлучи да го облече. Можеби звучи како да претеруваме, но комбинацијата на розовиот коресет со светкавци и долниот дел кој како да е направен од драперија со недефинирана боја навистина го заслужува епитетот „најгрда креација“ направена досега.

Не помогна ни тоа што Пријанка и Ник разменуваа вљубени погледи, ни тоа што актерката изгледаше буквално како милион долари, а ни раскошното деколте не успеа да го оттргне вниманието од фактот дека фустанот е толку грд што „боли да се гледа“, тврдат модните критичари. Покрај тотално неспоивиот горен и долен дел и материјал, тука е и проблематичниот крој кој додава килограми околу половината и прави нозете да изгледаат пократки. Со други зборови, комплетна утка, која дури ни мис на светот за 2000 година не успеа да ја поправи.

Тоалетата ја потпишува Вивиен Вествуд и ова дефинитивно не и’ е едно од славните дела.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.