Сијара искрено: „Благодарна сум им на сите несреќи што ме снајдоа во животот“

Пејачката искрено зборува за самостојното одгледување на синот

Откако стана самохрана мајка, животот и’ се смени од корен. Американската пејачка Сијара првпат стана мајка во 2014 година кога го роди синот кој го доби во врската со раперот Фјучер.

Само еден месец по раѓањето на синот, двојката се раздели, а пејачката стана самохранамајка. Сијара на една конференција зборуваше за претходната врска и за тоа дека никогаш не можела да замисли дека такво нешто ќе и’ се случи токму неа.

Вели дека таа ситуација и’ го сменила животот и дека тоа бил моментот кога созреала.

Таа ситуација се одрази на мене на најдобриот возможен начин. Почнав да го разбирам тоа што порано не можев да го сфатам“, откри пејачката.

Својот емотивен живот го ставив настрана. Си реков дека сега мора да постапам како што треба“, откри пејачката, која сегашниот сопруг го запознала само десет месеци по разделбата со раперот.

Сијара вели дека самостојното одгледување на синот е најдоброто нешто што и’ се случило во животот бидејќи ја направило посилна.

Благодарна сум им на сите несреќи што ме снајдоа во животот. Навистина е така“, заклучи таа.

Пејачката ја почна врската со Расел Вилсон во 2015 година, а се венчаа во 2016 година. Една година подоцна ја добија ќеркичката Ејприл.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.