Жените „одлепија“ по овој модел на фармерки: Визуелно го стеснуваат струкот, а го подигаат задникот – еве во што е тајната!

Феноменален трик

Најтешката модна задача за секоја жена е наоѓањето совршен пар фармерки. Ако мислите дека невозможно е да се пронајдат совршените фармерки, тука сме да ве демантираме

Еднаш кога ќе научите кој модел совршено го подига задникот, макотрпната потрага при купувањето фармерки ќе стане минато.

Добрите тесни фармерки ќе бидат вашиот најдобар пријател. А доколку сакате дополнително да ја нагласите позадината, одбирајте модели што се малку избледени на задникот.

За фармерките убаво да го обликуваат задникот, од клучно значење е и положбата на џебовите.

Фармерките со изразени задни џебови се одличен сојузник за подигање на задникот. Жените кои сакаат да постигнат ефект на поголем задник, би требало да одбегнуваат „бојфренд“ фармерки, бидејќи такви модели прават да изгледа уште порамно одошто навистина е.

Џебовите со преклоп или таквите со модните додатоци, како што се големо копче, разни синџири, накит и слично, визуелно ќе го зголемат задниот дел.

Исто така, препорачуваме да се осмелите и да испробате фармерки со високо поставени џебови, кои се благо свртени нанадвор. Идеални џебови се оние кои се наоѓаат што подалеку еден од друг, бидејќи во спротивно, вашиот задник дополнително ќе се намали.

Минатата година, жените ширум светот полудеа по моделот на танга-фармерки на Муглер, кои создаваат ефект на поголем задник, откако во нив прошетаа Бела Хадид и Ирина Шајк.

Трендот многу брзо пристигна и на нашите простори, па и Анастасија Ражнатовиќ го демонстрира истиот модел. На почетокот, овој тренд нè потсетуваше на дискутабилните модни времиња и нè врати во минатото, поточно на почетокот од милениумот.

Без разлика дали ни се допаѓаат или не, танга-панталоните повторно се тука, а нивната најголема предност е што ја зголемуваат секоја форма на задник, притоа удобни се и лесно се комбинираат.

Би ги носеле?

5 предлози како да ги комбинирате фармерките со кои ќе ја размрдате рутината (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.