Германски народен лек за прочистување на крвните садови: Спречува срцев и мозочен удар, го зајакнува имунитетот!

За здрав живот

За да ги прочистат крвните садови, луѓето посегнуваат по лекови, но така доаѓа до оптоварување на црниот дроб и бубрезите. За целосно да ги прочистите крвните садови, без притоа да ги оштетите другите органи, пробајте го овој рецепт

Годините и неправилната исхрана доведуваат до тоа крвните садови да се истрошат и да станат помалку еластични, при што на внатрешните ѕидови се насобира слој холестерол. Поради тоа, тие значително се стеснуваат. Како резултат на тоа, доаѓа до слабо снабдување на органите и системите со крв. Затнувањето на крвните садови е опасно по живот.

Освен тоа, мозокот значително страда, а крвниот притисок расте. Последиците од овие процеси може да бидат мозочен, срцев удар, како и други сериозни болести.

За да ги прочистат крвните садови, многумина посегнуваат по лекови, но тие ја преоптоваруваат работата на црниот дроб и бубрезите. Постои уште една можност, а тоа е традиционалната медицина.

Овој стар германски рецепт темелно го прочистува холестеролот од крвните садови, а ова се неговите основни состојки:

  • 4 цели лимони
  • резанка корен од ѓумбир
  • 2 л вода
  • 4-5 чешниња лук
  • 2 лажици мед
Приготвување:

Темелно измијте го лимонот и прелејте го со врела, зовриена вода за да ги отстраните нечистотиите. Потоа, извадете го од водата и исечете го на тенки кругови. Исчистете ги ѓумбирот и лукот, изматете ги во блендер или сомелете ги во мелница за месо.

Ставете го лимонот во тенџере што собира 3 и повеќе литри. Во посебно тенџере, сварете 2 л вода и оставете ја да се олади до околу 60 степени. Во водата ставете лук, ѓумбир и мед. Сето тоа добро измешајте го, па додајте го во тенџерето со лимон.

Оставете го сето тоа да врие 2 часа. Кога ќе се олади, префрлете ја смесата во тегла што собира 3 л. Сега, напивката е готова.

Како се користи:

Секој ден, на празен стомак, пијте по околу 100 мл наутро, па исто толку и навечер. Лекувањето трае околу 3 недели. Направете пауза од една недела, па потоа уште 4 недели пијте ја оваа напивка.

Ефектот ќе го почувствувате по 10 дена. Чувајте ја напивката во фрижидер.

Оваа напивка од 2 состојки ќе направи чудо за вашиот имунитет: Испијте ја пред спиење и оставете го телото да се регенерира!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.