Цеца Ражнатовиќ ја прими втората доза на кинеската вакцина стокмена во комплет на Викторија Бекам (ФОТО)

Елеганција во движење

Фото: Дамир Дервишагиќ

Вакцинирањето на популарната Цеца Ражнатовиќ, која денес ја прими втората доза на кинеската вакцина, повторно привлече големо медиумско внимание. А мегапопуларната пејачка дополнително ги зачини работите појавувајќи се со нова фризура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CECA RAZNATOVIC (@cecaraznatovic7)

Покрај новата фризура, Цеца го покажа и новиот, бел комплет на модната дизајнерка Викторија Бекам, кој го искоминира со црни сандали и крем кожена чанта „шанел“, вредна над 4.000 евра. Погледот го криеше зад очила за сонце на Марк Џејкобс, вредни 150 евра, на раката носеше „ролекс“ од 39.600 евра (да, добро прочитавте!).

Со други зборови, Цеца прошета во парчиња со цена колку еден стан.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Srb VIP (@srbija.v.i.p)

Сметам дека секој совесен граѓанин треба да се вакцинира за да се заштитиме себеси, а потоа своето семејство и луѓето кои не’ опкружуваат. Со оглед на тоа дека имав корона, како што е познато, имав одредена количина на антитела, па по совет на лекарот, се вакцинирав сега. Мораме да сфатиме, здравствените работници вложуваат огромни напори да се грижат за нашите граѓани и никогаш не смееме да го заборавиме тоа. Мислам дека луѓето треба да се вакцинираат и дека тоа е нивна обврска. Сакам да се вратиме во живот, да одржуваме концерти, да се радуваме и да се гушкаме! Ајде сите да се обидеме тоа да се случи што е можно побрзо“, апелираше Цеца.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.