Селма Хаек повторно се посрамотила за сите пари: Обожавателите ѝ порачаа под итно да го промени стилистот!

Што ѝ станало?

Не престанува да се зборува за нејзините стајлинзи

Со години важеше за жена која знае што значи добар стил, но во последно време како да изгубила осет кога станува збор за модата.

Селма Хаек (55) од најмодерна жена, прекуноќ стана најлошо облечената жена на планетата. Последниов месец се појавила на неколку премиери, но и на модни ревии и предизвикала лавина негативни коментари со изборот на гардероба.

Малку е да се каже дека нејзините обожаватели се во шок, па ѝ порачуваат што побрзо да го промени стилистот.

Последната утка во низата се случила на церемонијата на откривањето на ѕвездата во нејзина чест, која била поставена на Булеварот на славните.

За оваа пригода, Селма одбрала црн фустан со миди-должина, за кој модните експерти велат дека би бил совршен избор за матурска вечер, но никако не би требало да го облече жена во зрелите години.

Стајлингот го надополнила со црни салонки и сребрени детали. Ременот требало да ѝ го нагласи струкот, но наместо тоа, само направил нејзината фигура да изгледа нескладно.

Погледнете уште некои стајлинзи на актерката и проценете сами. Дали на Селма ѝ треба нов стилист?

Селма Хајек во син фустан, а сите гледаат само во горниот дел! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.