Ријана повторно ШОКИРА – НЕ МОЖЕВТЕ НИ ДА ЈА ЗАМИСЛИТЕ во олку провокативен фустан: Не носи ни гаќички, а тоа е најмалку скандалозно

Дали би се осмелиле за нешто вакво?

Ова го може само таа и – повторно е бонбона!

Ријана синоќа уживаше во романтична вечера со момчето А.П. Роки во луксузен ресторан во нејзиниот роден град Барбадос, а ова е првпат парот да се појави заедно во јавност по гласините за прељубата, со што јасно ги демантираа.

Пејачката продолжи да инсистира на својот сексапилен, труднички стил, во кој доминираат парчиња со разголени детали.

Рири блесна во краток, црн фустан на Питер Дандас, а како и сите негови креации, така и оваа ја краси предизвикувачки дизајн – ремчиња и изрези кои го открија стомакот на Ријана, но и други облини.

Интересно е и тоа што познатата пејачка не носеше гаќички или барем не стандардни, со оглед на тоа што оваа провокативна креација не го дозволува тоа. Таа го надополни стајлингот со едноставни златни сандали, мала, црна чанта и ефективни огромни алка-обетки.

Ова е уште едно во низата изданија со кои 34-годишната пејачка потврди дека не бере гајле за туѓите коментари и дека навистина ги поместува границите кога станува збор за трудничкиот стил.

Се надевам дека успеавме да го редефинираме она што досега се сметаше за ‘пристојно’ за трудниците. Неверојатни промени се случуваат во моето тело во моментов и нема да се срамам од нив. Ова треба да се слави. Зошто би ја криела мојата бременост? Кога дознав дека сум бремена, си помислив: ‘Нема шанси да купам нешто во продавници за трудници. Жал ми е – премногу ми е забавно да се облекувам. Нема да дозволам тој сегмент да исчезне бидејќи моето тело се менува“, изјави таа неодамна за „Вог“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Haus of Rihanna (@hausofrihanna)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.