ПОЛН ПОГОДОК! Меган се појави во НАЈМОДЕРНИТЕ ФАРМЕРКИ СЕЗОНАВА: Оваа комбинација е за 10!

Досега не сме ја виделе во вакво нешто

Викендов, во Хаг се одржа меѓународниот спортски натпревар Invictus games, основан од принцот Хари.

Игрите почнаа во саботата на 16 април и ќе траат до петок 22 април, а очекувано – Хари е таму во улога на организатор, но и обожавател, како и неговата сопруга Меган Маркл.

Актерката не ги разочара трендсетерите ширум светот – избра лежерни, впечатливи комбинации кои се вклопуваат во сè позастапениот елегантно-спортски стил, во кој преовладува ноншалантноста, а сепак изгледа софистицирано.

Посебно ни се допадна вчерашното издание на оваа 40-годишна дама: многу модерно, но носливо и едноставно.

Имено, таа се појави во докажана комбинација со која нема грешка: фармерки, бела маичка и црно сако од твид, со златни копчиња.

Но, Меган не избра какви било фармерки, туку оние што важат за најактуелни сезонава. Станува збор за модел со низок струк и прави ногавици, малку поширок крој. Овие фармерки се голем хит, кои даваат неодоливо урбан печат, но внимавајте – им прилегаат само слаби жени и жени без изразени облини!

Меган аутфитот го комплетира со црна чанта Селин, балетанки Шанел во боја на кожа и со црни детали, модел кој е многу популарен оваа пролет, и со урбани очила за сонце Рејбан.

Што велите за ова издание?

Фото: Instagram, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.