Моден ризик на Селин Дион: Од каде и’ е храброста да облече вакво нешто?

Екстремната слабост на популарната пејачка уште повеќе дошла до израз

Селин Дион повторно направила ризичен моден потег кога се појавила во Париз со најстариот син Рене Шарл Анжелил (18).

Пејачката облекла црвени панталони и црвена маица, а врз тоа носела црн долг елек. Црвените очила за сонце се вклопиле во целосниот имиџ, додека на нозе носела пар соодветни патики.

Нејзината екстремна слабост уште повеќе дошла до израз во оваа несмасна гардероба, додека јагодиците и коските на лицето и’ штрчеле под залижаната коса.

Пејачката не се раздвојувала од својот син, кој ја следел во секој чекор.

Селин Дион деновиве вредно работи и патува на турнеја низ Европа. На прашањето на новинарите како го одржува својот изглед, таа одговорила:

„Обожавам да се потам. Многу се потам на сцена и сакам луѓето да видат колку вредно работам и колку се мачам. Кога Тина Тарнер пее, гледате како се поти на сцена и мавта  со марамчето. Па така и јас сакам многу да се потам и тоа и го правам. Поради потта и солзите (емотивна сум и често се расплакувам) користам шминка на база на масло, бидејќи таа останува на место“, признала Селин.

https://www.instagram.com/p/BzNkx3GlxF_/?utm_source=ig_embed
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.