Фустан од 2.000 денари и боја што не излегува од мода: Кралицата Летиција ја подигнува секоја комбинација со помош на деталите!

Како ви се допаѓа?

По повод Светскиот ден на борбата против рак, во Мадрид било одржано 11-тото издание на форумот во организација на здружението Asociacion Espanola Contra el Cancer. AECC е приватна непрофитна организација основана во 1953 година, која се фокусира на превенција на рак и подобрување на условите за живот на пациентите заболени од рак

Кралицата Летиција редовно учествува на форумот на AECC, па така не го пропуштила ни овој, на којшто, помеѓу другото, разговарала со заболените и нивните семејства.

Кралицата одамна докажала дека е експертка за примерно облекување, па во оваа пригода била пристојна, соодветно на ситуацијата и опкружувањето.

Од плакарот ја извадила својата стара темноцрвена кожена јакна и проверените салонки од брендот Magrit што често ги носи, а ги искомбинирала со нов фустан.

Станува збор за плетен модел на шпанскиот комерцијален моден бренд Mango во темносива боја. Многу едноставен и сестран фустан со миди-крој со долги ракави, кој дел од нивната колекција и достапен е по цена од 2000 денари.

Многумина велат дека лесно е да се изгледа добро во скапоцена облека, а кралицата Летиција често ни покажува како и со поволни парчиња може да се постигне истиот ефект, бидејќи тајната на доброто стилизирање не е во парите, туку во стилот.

Како ви се допаѓа ова издание на убавата кралица?

Кралицата Летиција во романтичен фустан стар 45 години: За оваа пригода ѕирнала во плакарот на својата свекрва!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.