Кралицата Летиција во романтичен фустан стар 45 години: За оваа пригода ѕирнала во плакарот на својата свекрва!

Како ви се допаѓа?

Уште на самиот почеток на 2022 година, кралицата Летиција е подготвена за модни успеси – и тоа во чудесни стари фустани

Кралицата Летиција и кралот Фелипе во палатата Зарзуела во Мадрид подготвиле традиционален прием на кој угостиле дипломатски претставници од бројни земји. Како и обично, шпанската кралица Летиција повторно ни покажа зошто важи за една од најдобро облечените жени во Европа.

Кралицата Летиција често се одлучува да понесе веќе видено парче од нејзиниот плакар, а многупати носи и евтини парчиња облека што речиси секој може да си ги дозволи.

Сепак, овој пат се одлучила за едно износено парче, но од плакарот на својата свекрва!

Ова не е првпат Летиција да приреди модно изненадување, бидејќи токму и минатиот септември кралицата понела креација од плакарот на поранешната шпанска кралица Софија.

Сега во Зарзуела носела прекрасен ретро-фустан од 1977 година со потпис на модната куќа „Валентино“, а изгледа како божествена комбинација на здолниште со макси-крој и блуза со светни мотиви.

Розовата боја и цветниот вез се совршен контраст на зелената боја на долниот дел на фустанот, а со оваа креација понела и обетки од рубин и смарагд кои целата оваа комбинација ја подигнале на повисоко ниво.

Како ви се допаѓа ова издание на убавата кралица Летиција?

Црвени чизми над колена на една кралица? Да, ако сте нејзиното височество Летиција! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.