„Дојде како келнерка да служи пијачки и ДА ГИ БРИШЕ МАСИТЕ со РАКАВИТЕ“: Велат дека ова е прво и последно појавување на Кортни Кардашијан, бидејќи направила МОДЕН ГЕНОЦИД

Што мислите вие?

Годинешната Мет-гала е прва на која беа поканети сите сестри Кардашијан, но една од нив тешко дека ќе добие покана следната година судејќи по коментарите за нејзиниот стајлинг.

Кортни Кардашијан, најстарата сестра од познатиот ријалити-клан, се појави во висока деколтирана бела кроп-топ кошула со долги ракави и корсет во продолжение од бел стуткан материјал.

Нејасениот концепт, кој нема никаква врска со „златната доба“, која беше тема на годинешната Мет-гала, или со работата на американските дизајнери во средината на 20-от век, беше плоден извор за шеги на сметка на Кортни.

Ова е еден од ретките случаи кога магазинот „Вог“ во написот посветен на Кортни Карашијан нема позитивен коментар за необичниот дизајн, туку се неутрални докрај без одговор на прашањето – чија е оваа креација:

Кортни е вашата вечерашна келнерка, дојде да сервира пијалаци. Со ракави за чистење маси“.

Сите сестри изгледаа како да дошле да ги мијат садовите на Мет-гала и да ја запалат куќата.“

 

Еден корисник на Твитер објави дека на Кортни Кардашијан ѝ биле потребни 15 минути, стари алишта и ножици за креирање на тоалетата за Мет-гала.

Фото и видео: Twitter

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.