Најелегантни родители на Мет-гала: Ријана во бундата што ја носеше Наоми, Aсап Роки во килтот на Карл (ФОТО)

Нешто старо, нешто ново, сето тоа инспирирано од иконските моменти од модните писти

Не знаеме дали го следите хороскопот, но кога станува збор за ѕвездените приказни, дефинитивно можеме да кажеме дека оваа година е на Ријана.

Иако никогаш до последен момент не знаете дали Ријана ќе се појави на некој настан, секогаш е јасно дека ако се појави, ќе направи вистински спектакл!

На гала-забавата насловена Karl Lagerfeld: A Line of Beauty, Асап Роки се појави во шкотски килт, бела кошула, црно сако и препознатливата тенка вратоврска, која често ја носеше легендарниот Карл, додека мајката на неговите деца блескаше во крзнено палто Фенди, кое Лагерфелд го дизајнираше за модната куќа во 1997 година.

Ова крзнено палто го носеше Наоми Кембел на пистата на крајот на деведесеттите, додека облеката на Асап Роки беше омаж на облеката што ја носеше самиот Карл, голем обожавател на Шкотска, на пистата во 2004 година.

Облеката на Ријана на Мет-гала беше само почеток: под бундата имаше раскошна наметка со качулка направена од 500 екстра големи цветови од камелија, кои се потпис на куќата Шанел, која Карл ја дизајнираше низ годините.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.